Sayed Khodaiberdi Sadat
21 Октомври 2020•Ажурирај: 21 Октомври 2020
КАБУЛ
Дваесет и пет безбедносни службеници го загубија својот живот во судирите кои се случија помеѓу талибанските милитанти и безбедносните сили во Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Гувернерството на Тахар, Џевад Хиџри, во изјава за медиумите истакна дека во подрачјата на Хоџа-и Гар и Бахарак кои се наоѓаат во авганистанската североисточна покраина Тахар, се случиле истовремени судири помеѓу милитантите и безбедносните сили.
Хиџри информира дека во судирите загинале 25 безбедносни службеници, додека 16 милитанти биле убиени.
Меѓу другото, Кајум Хајрет од болницата во Тахар тврди дека во судирите загинале 34 безбедносни службеници.
Во судирот во Бахарак загина и Раз Мухамед Дурандиш, полициски началник во Тахар.
Талибанците сѐ уште не дале изјава во врска со случајот.