Sayed Khodaberdi Sadat
07 Октомври 2018•Ажурирај: 08 Октомври 2018
КАБУЛ (АА) - Талибанските милитанти извршија напад во подрачјето на Саид Абад, во авганистанската покраина Мајдан Вардак, при што животот го загубија еден полициски началник во подрачјето и шест негови телохранители, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на гувернерството на Мајдан Вардак, Абдул Рахман Менгел, истакна дека милитантите извршија напад од четири страни во центарот на ова подрачје.
Менгел рече дека во нападот, смртно настрадал полицискиот началник Незраб Шах Хашими, како и шест негови телохранители, додека четири полицајци се повредени.
Во соопштението на Талибанците се тврди дека како резултат на нападот, преземена е контролата врз центарот на ова подрачје.