Sayed Khodaberdi Sadat
18 Октомври 2018•Ажурирај: 18 Октомври 2018
КАБИЛ (АА) – Началникот на полицијата на Кандахар, генерал Абдул Разак Кадири, беше убиен во нападот на состанокот за безбедност на високо ниво, во провинцијата Кандахар во Авганистан. Скот Милер, командантот на силите на САД и НАТО во областа, останал жив, без никакви повреди, јавува Anadolu Agency (AA).
Во јужната провинција Кандахар во Авганистан бил извршен вооружен напад во тек на состанокот за безбедност на кој учествувал командантот на НАТО во Авганистан, Скот Милер, и други авганистански официјални лица.
Локалните власти соопштија дека во нападот бил убиен началникот на полицијата, Кадири, а двајца американски војници биле повредени. Милер, кој се наоѓал во областа поради состанокот, поминал без никакви повреди.
Соопштено е дека при инцидентот бил убиен и еден новинар.
Одговорноста за нападот ја презеде талибанската организација.