Gamze Türkoğlu Oğuz
25 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
АНКАРА
Во напади извршени врз авганистанскиот град Кандахар загинаа четири лица, меѓу кои и едно дете, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите што ги објави „Толоњус“ (Tolonews), првиот напад во кој загинаа три жени и едно дете е извршен во местото Панџваи.
Во нападот кој е извршен со помош на мина поставена покрај патот, ранети се шест цивили, меѓу кои четири деца.
Вториот напад е извршен во местото Лахоре, во близина на контролниот пункт.
Шефот на полицијата во Кандахар, Тандин Хан изјави дека седум припадници на безбедносните сили се повредени од експлозија на бомба која претходно била монтирана во возило.