Sayed Khodaberdi Sadat
18 Јуни 2017•Ажурирај: 19 Јуни 2017
МЕЗАР-И-ШЕРИФ (АА) - Авганистански војник во градот Мезар-и-Шериф, сместен во северниот дел на земјата, рани седум америкаснки војници кои ја извршуваа должноста во рамките на НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Од НАТО соопштуваат дека командосот на единицата позиционирана во местото Дехдади, вчера отворил оган на војниците кои го обучувале.
Во соопштенето се наведува дека во тек е лекувањето на ранетите, и дека случајот детално се истражува.
Во последно време расте бројот на нападите врз американските војници.
Војник од Авганистан минатата недела во Нангархар уби тројца војници на САД.