Турција, култура и уметност

Во Туркије се враќа златен ѓердан стар 2.700 години изложен во американски музеј

Ѓерданот беше украден од турската егејска област Маниса и прошверцуван во САД во 1982 година

Mücahit Oktay  | 04.09.2024 - Обновена : 04.09.2024
Во Туркије се враќа златен ѓердан стар 2.700 години изложен во американски музеј Фото: Joseph Prezioso/АА

ЊУЈОРК (АА) - Златен ѓердан стар 2.700 години, изложен во музеј во Соединетите Американски Држави (САД), им е вратен на турските власти, јавува Анадолу.

Ѓерданот од античкото кралство Лидија официјално им е предаден на турските власти на церемонија во турскиот конзулат во Бостон.

Ѓерданот долг околу 20 сантиметри е направен од карнеолски мониста во облик на калинки, изјави за Анадолу Хилал Демирел, културно и промотивно аташе на Туркије во Њујорк.

Ѓерданот беше украден од турската егејска област Маниса и прошверцуван во САД во 1982 година.

Многу години беше изложен во музејот во Бостон.

Турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, изјави дека од почетокот на оваа година во Туркије се вратени 20 историски артефакти.

„Во Туркије враќаме уште еден историски артефакт од Анадолија, зголемувајќи го вкупниот број на 21“, истакна Ерсој на платформата X.

Турското Министерство за култура и туризам соопшти дека ѓерданот ќе биде донесен во Туркије наредните денови.

Министерството додаде дека ѓерданот, кој има значајна историска и културна вредност за регионот, датира од 6 или 5 век пр.н.е.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.