Sayed Khodaberdi Sadat
15 Април 2018•Ажурирај: 16 Април 2018
КАБУЛ (АА) - Најмалку 20 припадници на терористичката организација ДЕАШ се убиени во антитерористичка операција извршена од страна на авганистанските сили во северната провинција Џаузџан, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-гувернерот на округот Дарзаб, Абдурахман Махмуди, за АА рече дека авганистанските сили извршиле воздушни и копнени напади врз упориштата на терористите на ДЕАШ во регионот.
Според првичните информации, во нападите се убиени најмалку 20, а повредени се најмалку 16 терористи.
Махмуди, исто така рече дека за време на конфликтот загинале три лица, а ранети се најмалку 15 цивили.
Авганистанските сили воспоставија контрола над голем дел од областа, претходно окупирана од терористите на ДЕАШ.
Авганистан веќе неколку години е средиште на длабока безбедносна криза којашто се огледува во постојаната борба против екстремистите на милитантното талибанско движење и терористичката организација ДЕАШ, која по дебаклот во Ирак и Сирија ги интензивираше активностите во Авганистан.