Recep Şakar
25 Септември 2018•Ажурирај: 25 Септември 2018
МЕЛБУРН (АА) - Две лица се повредени во експлозија на муниција од Втората светска војна во австралискиот град Њукасл, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на Нов Јужен Велс наведе дека 37-годишен татко и четиригодишно девојче пронашле тешко наоружување на брегот на Порт Стивенс и го однеле во куќата. Двајцата се повредени во експлозија. Хоспитализирани се во болницата „Џон Хантер“ и не се животно загрозени.
Порт Стивенс за време на Втората светска војна е користен за обука. Полицискиот инспектор Алан Џансон изјави дека и денес на тоа подрачје се проноѓаат неексплодирани убиствени средства.
Тој ги повика граѓаните пронаоѓањето на оружјето да го пријават на безбедносните сили и да не го допираат.