Recep Şakar
24 Мај 2017•Ажурирај: 24 Мај 2017
МЕЛБУРН (АА) - Австралија, по терористичкиот напад во „Манчестер арената“ во којшто загинаа 22 лица, а 59 беа повредени, ги повика своите државјани кои се обидуваат да патуваат во Обединетото Кралство на зголемена претпазливост, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата за надворешни работи и трговија на Австралија (DFAT) по пишан пат потсети на тоа дека во Обединетото Кралство нивото на терористичка закана е зголемено на „критично”, што претставува највисоко ниво.
Во соопштението се наведува повикот, државјаните на Австралија кои се обидуваат да патуваат во Обединетото Кралство или кои моментално се наоѓаат таму да ја избегнуваат „Манчестер арената“ и околината.
„Бидете внимателни кога станува збор за сопствената безбедност и придружувајте се до предупредувањата на медиумите и на локалните официјални лица. Предложуваме, сега во Обединетото Кралство да бидете многу претпазливи”, се наведува во соопштението.
Пред крајот на концертот на поп ѕвездата Аријана Гранде во „Манчестер арената“ на 22 мај, одекна силна експлозија во која загинаа најмалку 22, а ранети беа 59 лица.
Полицијата претходно потврди дека осомничен за нападот во Манчестер е 22-годишниот британски државјанин Салман Абеди.
Британските медиуми наведуваат дека Абеди е роден во Манчестер, и дека доаѓа од семејство со либиско потекло. Терористичката организација ДЕАШ презеде одговорност за нападот.