Recep Şakar
23 Август 2018•Ажурирај: 24 Август 2018
МЕЛБУРН (АА) - Властите во Австралија, заради безбедносни причини го исклучија кинескиот телекомуникациски гигант „Huawei“ (Хуавеи) од проектот за воспоставување на 5G мрежа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на федералната Влада се вели дека учество на компанија која би можела да биде подложна на директиви на странска влада, би претставувало преголем ризик.
Официјалните лица сметаат дека не е доволно уверувањето на „Huawei“ дека податоците за австралиските клиенти нема да ги сподели со кинеската разузнавачка служба, но и дека не е пронајдена безбедносна комбинација која би го намалила потенцијалниот ризик.
Вршителот на должноста министер за внатрешни работи, Скот Морисон, изјави дека приоритет секогаш ќе биде безбедноста на Австралијците.