Ekip
07 Февруари 2019•Ажурирај: 09 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Терористичката организација ФЕТО, која по обидот за државен удар на 15 јули во Турција доби реакции од Турците во Австралија, не успеа да ги дистрибуира своите весници, и затоа го запре издавањето во Австралија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Заман Австралија“ долго време работеше со поддршка на Турците во Австралија, но по обидот за државен удар на 15 јули доживеа тешкотии во дистрибуирањето на весниците и влезе во криза, откако речиси целосно запреа приходите кои ги реализирал од реклами. Поради тоа, весникот го затвори својот центар во австралискиот град Оберн.
Се вели дека весникот „Заман Австралија“, кој е медиумски орган на терористичка организација која преку интернет продолжува со своите кампањи за оцрнување на Турција, поради економските проблеми и реакциите што ги добил, бил принуден да стави крај на своите печатени изданија.
По обидот за државен удар на 15 јули во Турција, Турците што живеат во Австралија ја повлекоа својата поддршка за институциите поврзани со терористичката организација во оваа земја, по што весникот „Заман“ го запре печатењето.
Турците во оваа Австралија, исто така не ги запишуваа своите деца во училиштата поврзани со терористичката организација ФЕТО, истовремено ги отпишуваа децата кои се претходно запишани, предизвикувајќи организацијата да претрпи загуба од милиони долари.
ФЕТО своето структурирање во Австралија го врши под покривот на „Australian Universal Federation (AUF)“, но претрпе голема материјална и духовна загуба.
ФЕТО своите активности ги реализира во колеџот „Sirius“ во Викторија, колеџот „Amity“ во Нов Јужен Велс, колеџот „Fountain“ во Западна Австралија, колеџот „Pinnacle“ во Јужна Австралија и во колеџот „Wisdom“ во Квинсленд.