Tufan Aktaş,Zuhal Demirci
24 Октомври 2016•Ажурирај: 25 Октомври 2016
АДИС АБЕБА (АА) – Започна новата училишна година во училиштата во Гвинеја што Турската фондација Мариф (ТМВ) ги презеде од терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на ТМВ, проф. д-р Бирол Акгун, во својата изјава за АА вели дека со образованието во училиштата преземени од ФЕТО имаат за цел подобро да ја претстават Турција во странство.
„Подобрувајќи ги училиштата и спроведувајќи подобри услови од порано, ќе воспоставиме еден мост на култура и образование помеѓу Турција и Гвинеја“, рече Акгун.
Заменик-претседателот на ТМВ, амбасадорот Хасан Јавуз, пак, нагласи дека придобиените 5 училишта од ФЕТО ќе се вратат на својата главна функција и ќе служат на турскиот народ.
Јавуз забележа дека моќната културна и историска врска меѓу двете држави е над сѐ, и посака успешна училишна година.
Тој додаде дека Турција си го одржа ветувањето од постигнатиот договор и испрати еден државен координатор, двајца административци и еден учител во Гвинеја.
Гвинејскиот претседател Конде ќе ја посети Анкара
Од друга страна, Хасан Јавуз пренесе дека по преземањето на училиштата, гвинејскиот претседател Алфа Конде во телефонски разговор со претседателот Реџеп Таип Ердоган ги упатил своите најдобри желби и додаде дека Конде утре пристига во Анкара, каде што ќе се сретне со Ердоган.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган, при посетата на Гвинеја од 3. март, постигна договор за преземање на училиштата од ФЕТО.
Училиштата го добија името на херојот Омер Халисдемир
Минатата недела беше потпишан протокол на добра волја меѓу Турција и Гвинеја во врска со преземањето на училиштата, по што Турската фондација Мариф презеде една градинка, едно основно и едно средно училиште, како и две гимназии.
Две училишта го добија името на херојот Омер Халисдемир, едно од нив „Хероите од 15. јули“, а останатите две беа именувани според претседателите на двете држави.