Aldijana Hadzic
31 Декември 2021•Ажурирај: 02 Јануари 2022
СИДНЕЈ
Австралија со спектакуларен огномет ја дочека 2022 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Огномет го осветли небото над Сиднеј и неговите симболи.
Местата каде што можеше да се гледа огнометот почнаа да се полнат од утринските часови.
Прославата започна во 21 часот по локално време, за децата, односно семејствата, да бидат дел од спектаклот.
Австралија секоја година ја дочекува Новата година со користење на поголеми количества огномет.