Ekipa
08 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
ВИЕНА
Шест лица починаа во две одвоени лавини на австриските Алпи, соопштија властите на Австрија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Пет лица кои планинареле во централна Австрија затрупани се од лавина утрово во 9:30 часот“, јави Австриската новинска агенција (АПА). Неколку луѓе биле очевидци на лавината и веднаш ја известиле итната служба, но планинарите, за кои се верува дека се од Република Чешка, биле мртви кога спасителите ги извлекле од снегот.
Во веста се вели дека во последните неколку дена во подрачјето имало силен ветер и обилни врнежи од снег, што довело до појава на лавина.
„На југозападот од Австрија животот го загуби полицаец, кој ја минувал алпската обука, откако е затрупан од лавина. Тој бил погоден од големо парче смрзнат снег и починал на самото место од здобиените повреди“, соопштија за АПА државните власти.