Ekipa
11 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
ВИЕНА (АА) - Австриската министерка за внатрешни работи, Јохана Микл-Лајтнер, позната по своите остри ставови кон мигрантите и бегалците, ќе отстапи од должност и ќе се посвети на регионалната политика, јавува Anadolu Agency (AA).
Микл-Лајтнер беше главна заговорничка на сè порестриктивната австриска азилантска политика и затворањето на Балканската рута кон западна Европа.
Отстапувањето од функцијата го објави нејзината партија, Народната партија на Австрија (OVP), прецизирајќи дека министерката се повлекува од функцијата за да стане гувернерка во покраината Долна Австрија.
За нов министер за внатрешни работи на Австрија ќе биде именуван Волфганг Соботка, кој изјави дека ќе има цврст став кон бегалците и мигрантите кој го имаше и неговата претходничка.