Ekipa
04 Септември 2016•Ажурирај: 04 Септември 2016
БЕРЛИН (АА) - Виенската полиција уапси три лица кај кои е пронајден кокаин вреден 400.000 евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Машките лица, на возраст од 51 до 55 година, се уапсени откако на улица се обидоа да продадат речиси шест килограми кокаин.
Виенската полиција не даде детали за осомничените, но истакна дека во врска со овој случај соработуваат со хрватските власти.
Лицата во моментот се наоѓаат во притвор каде што се бранат со молчење, одбивајќи да одговараат на прашањата.