Hamdi Yıldız
14 Мај 2018•Ажурирај: 15 Мај 2018
РАМАЛАХ (АА) - Автобусите кои пред 70 години за време на Накба превезуваа Палестинци, овој пат се дел од поворката која во Рамалах, на Западниот Брег, тргна на пат да протестира против прогонот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во неделата вечерта, многу стари автобуси и возила беа дел од протестите организирани во знак на протест за настаните од 1948 година.
Меѓу луѓето кои тогаш беа прогонети беше и Абдулселам Хархара, кој со возило марка „GMC“ старо 80 години учествуваше во поворката. Тој рече дека неговото семејство пред 70 години било принудено да избега од Јафа во Наблус.
Независноста на Израел на окупираната палестинска територија беше прогласена на 14 мај 1948 година.
Палестинците го одбележуваат 15 мај како Накба или Денот на големата катастрофа што го симболизира страдањето и прогонот на палестинскиот народ од основањето на државата Израел на палестинска територија. Западниот Брег и Источен Ерусалим од 1967 година се под израелска окупација.