Ahmed Asmar
29 Ноември 2023•Ажурирај: 01 Декември 2023
ГАЗА (АА) - Израелските напади на Појасот Газа им нанесоа сериозни оштетувања на зградите што ги изгради Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во југоисточниот дел на палестинската енклава, известува Анадолу.
Репортерот на АА ја посети станбената населба што ТИКА ја изгради и притоа ги документираше големите разурнувања на станбените објекти и целото станбено подрачје познато како Јухор ад-Дик.
Зградите, изградени со турски средства, во 2017 година им се врачени на сиромашните жители и на други лица погодени од израелската војна и блокада на Појасот Газа.

„Тука живееја обични луѓе. Ги имавме овие станбени единици благодарение на донациите од Туркије наменети за луѓето кои имаа потреба“, изјави Ибрахим Абу Арабија за Анадолу.
Тој додаде дека израелските бомбардирања предизвикале огромни разорувања на тоа подрачје.
Жителка од ова подрачје, која го загубила својот дом, за Анадолу рече дека луѓето тука не ги загубиле само своите домови, туку и сета своја облека, мебел и уреди.
„Станарите на зградите на ТИКА сега се бездомници и збунети се каде да одат откако ги загубија своите домови“, рече Фатима ал-Муграби.
29.11.2023 Агенција Анадолу ги документираше огромните разорувања на зградите што Туркије ги изгради за сиромашните жители на Газа
Израелските напади на Појасот Газа им нанесоа сериозни оштетувања на зградите што ги изгради Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во југоисточниот дел на палестинската енклава.
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилните населби, станбените објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.
Оттогаш се убиени повеќе од 15.000 Палестинци, од кои 6.150 деца и над 4.000 жени, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.
„Ханибалова директива“ или „Ханибаловиот протокол“ е контроверзна процедура што ја користат Израелските одбранбени сили (IDF) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.