свет

Агенцијата на ЕУ за климатски промени: 2024 година ќе биде најтопла година досега

Според агенцијата, поконкретно за Европа, температурите биле натпросечни речиси низ целиот континент

Ahmet Gençtürk  | 07.11.2024 - Обновена : 08.11.2024
Агенцијата на ЕУ за климатски промени: 2024 година ќе биде најтопла година досега

АТИНА (АА) - Оваа 2024 година е на пат да биде најтопла година на планетата досега, соопшти денес агенцијата на Европската Унија (ЕУ) за климатски промени, достигнувајќи нова пресвртница во ескалацијата на климатската криза во светот, јавува Анадолу.

„Сега е практично сигурно дека 2024 година ќе биде најтопла година досега. Просечната температурна аномалија за остатокот од 2024 година ќе треба да се намали на речиси нула за 2024 година да не биде најтопла година“, се вели во соопштението на европската служба за климатски промени „Коперник“.

Оттаму се нагласува дека глобалната просечна температура за изминатите 12 месеци (ноември 2023-октомври 2024 година) изнесувала 0,74 Целзиусови степени над просекот од периодот 1991-2020 година и околу 1,62 степени Целзиусови над просекот од прединдустрискиот период 1850-1900 година.

Според агенцијата, поконкретно за Европа, температурите биле натпросечни речиси низ целиот континент.

Надвор од Европа, температурите биле најмногу над просекот во Северна Канада и многу над просекот во централниот и западниот дел на Соединетите Американски Држави, северниот дел на Тибет, Јапонија и Австралија.

Од друга страна, температурите биле најзабележително под просекот на Централен Гренланд и Исланд.

Во врска со податоците, заменик-директорката на „Коперник“, Саманта Бурџес, истакна: „Ова означува нова пресвртница во глобалните температурни рекорди и треба да послужи како катализатор за подигнување на амбициите за претстојната Конференција за климатски промени (на ОН), КОП29“, која треба да започне во понеделник во главниот град на Азербејџан, Баку.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.