Amina Zorniç
21 Септември 2016•Ажурирај: 21 Септември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Одлуката за равод на славниот холивудски пар Анџелина Џоли и Бред Пит е донесена поради здравјето на семејството, изјави адвокатот на славната актерка, Роберт Офер, пренесува Anadolu Agency (AA).
Веста за разводот на брачната двојка популарно наречена Бранџелина синоќа одекна во сите светски медиуми. Како што е повеќепати потврдено, барање за развод поднела Џоли, а во него бара старателство над сите шест деца, а Бред Пит да има право само на посета.
Во изјава за списанието „Пипл“, Пит кратко изјави: „Многу сум тажен за тоа, но она што е најважно сега е благосостојбата на нашите деца. Љубезно ги молам медиумите да ни остават простор во овој период“.
Извори блиски до двојката изјавија дека Анџелина одлучила да стави крај на нивниот брак поради начинот на кој Бред ги воспитувал децата. Наводно, била многу вознемирена во врска со некои негови методи на воспитување на Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен.
Според американските медиуми, актерката не барала алиментација ниту каков било друг вид на финансиска поддршка. Познатиот холивудски пар се венча во август 2014 година, а заедно се од 2004 година. Една од првите реакции на разводот на познатиот пар, кој важеше и за најубав светски пар, дојде од актерот Џорџ Клуни. Како што пренесува Си-ен-ен, пријателот на парот бил шокиран од веста што ја дознал од медиумите.
„Што се случи? Јас не знаев дека се разведуваат... Многу ми е жал“, рече Клуни.