Kenan Irtak
03 Мај 2019•Ажурирај: 04 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) – По таканаречената „голема преселба“ од истанбулскиот аеродром „Ататурк“ на аеродромот „Истанбул“, во месец април аеродромот „Истанбул“ го користеа 4 милиони 113 илјади 956 патници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на ИГА (İGA), оператор на аеродромот „Истанбул“, се истакнува дека е познат бројот на патници и летови за месец април, кога аеродромот почна да работи со полн капацитет.
По првиот лет, изведен на 6 април, до 30 април, на аеродромот „Истанбул“ се реализирани вкупно 26.520 лета, а опслужени се 4 милиони 113 илјади 956 патници.
Од вкупниот број патници, 2 милиони 95 илјади 908 патници пристигнале во Истанбул, додека 2 милиони 18 илјади 048 од нив заминале од Истанбул. Од вкупниот број летови, 13.233 полетале, а 13.287 слетале на аеродромот.
Во текот на овој период, бројот на багаж се зголемил на вкупно 3 милиони 3 илјади 909, од нив 907.622 е багаж на патниците кои пристигнале во Истанбул, а багажот на патниците што заминале од Истанбул изнесува 2 милиони 33 илјади 287.
Аеродромот „Истанбул“, кој е нов авијациски центар во светот, моментално има капацитет за 90 милиони патници на годишно ниво, а откако ќе се изгради целосно ќе биде домаќин на 200 милиони патници годишно.