Şerife Çetin
03 Мај 2019•Ажурирај: 04 Мај 2019
БРИСЕЛ (АА) - Северноатлантскиот совет на НАТО, механизмот за донесување одлуки од највисок степен, по повод 25-годишнината од Медитеранскиот дијалог, ќе се состане во Турција, а со состанокот ќе претседава Јенс Столтенберг, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на НАТО, на состанокот што ќе се одржи на 6-7 мај, ќе присуствуваат и партнерите на НАТО во рамките на Медитеранскиот дијалог.
Состанокот ќе се одржи во Турција по повод 25-годишнината од Медитеранскиот дијалог.
Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, покрај тоа што ќе претседава со состанокот, ќе одржи и билатерални разговори со високи претставници на Турција.