свет

Азаз: Во напад близу Градскиот совет ранети се 10 лица

Началникот на полицијата на Азаз, Ахмет Зејдан, изјави дека во околината се преземени опсежни безбедносни мерки. Сѐ уште никој не презеде одговорност за нападот

Ömer Koparan  | 12.04.2018 - Обновена : 12.04.2018
Азаз: Во напад близу Градскиот совет ранети се 10 лица

Azaz

АЗАЗ/АНКАРА (АА) - Во бомбашки напад извршен во близина на зградата на Градскиот совет во Азаз на северниот дел на Сирија, ранети се десет лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Азаз е град на северниот дел на Сирија кој е контролиран од опозицијата, а нападот е извршен со помош на автомобилот на кој била монтирана бомба.

Новинарот на АА од Азаз јавува дека нападот се случил околу 25 метри од зградата на локалниот Совет. Ранети се десет лица, меѓу кои едно се наоѓа во тешка здравствена состојба.

Началникот на полицијата на Азаз, Ахмет Зејдан, изјави дека во околината се преземани опсежни безбедносни мерки. Сѐ уште никој не презеде одговорност за нападот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın