Ossama Elshamy
13 Јануари 2016•Ажурирај: 14 Јануари 2016
КАРАЧИ (АА) - Најмалку 14 лица, меѓу кои 12 полицајци се убиени во бомбашки напад во југозападната пакистанска покраина Балуџистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот се случил утринава пред центарот за вакцинација на деца во градот Куета, а мета на нападот било полициско комбе.
"Првите показатели укаживаат на тоа дека станува збор за самоубиствен бомбашки напад, но тоа мора да го потврди дополнителната истрага. Меѓу загинатите има најмалку 12 полицајци", изјави пакистанкиот функционер Мир Шафраз.
Досега никој не презеде одговорност за нападот, а во тој регион се активни вооружени групи на талибанското движење и секуларните сепаратисти Белуџи.
Белуџистан се наоѓа во пакистанскиот пограничен појас и се граничи со Авганистан и Иран, а со децении е познат како средиште на политички и безбедносни кризи.