Ruslan Rehimov
30 Април 2017•Ажурирај: 01 Мај 2017
БАКУ (АА) - Во Баку, главниот град на Азербејџан, денес се одржува полумаратон под слоганот "Победи го ветрот", чиј организатор е Фондацијата "Хајдар Алијев", јавува Anadolu Agency (AA).
На полумаратонот, покрај големиот број на државни официјални лица и спортисти, учествуваат и над 3.000 граѓани.
Тркачите покрај брегот на Каспиското Езеро и на улиците на градот претрчаа делница од 21 километар, а целта е на Олимпискиот стадион во Баку.
Десетте најдобри тркачи ќе освојат парични и други награди.
Полумаратонот првпат е организиран минатата година, а негова цел е да се поттикнат младите да се занимаваат со спорт, да привлечат туристи но и да соберат средства за децата на кои им е потребна помош.