Ruslan Rehimov
20 Јануари 2018•Ажурирај: 21 Јануари 2018
БАКУ (AA) - Ширум Азербејџан овие денови се одбележува 28. годишнина од масакрот познат како „крвав јануари", јавува Anadolu Agency (AA).
Тој ден, поточно на 20. јануари, стотици илјади Азербејџанци се собраа на плоштадот Азадлик во Баку за да протестираат против советските, проруски власти. Во интервенција на советската војска со цел задушување на протестите, во Баку загинаа 150 цивили меѓу кои беа и жени и деца, а ранети се околу 750 граѓани.
Претседателот на Институтот за кавкавски истражувања при Азербејџанската академија на науки Муса Гасимли, по повод 28 годишнина од „крвавиот јануари" во разговор за AA истакна дека „крвавиот јануари" е истовремено и злосторство на Советскиот сојуз извршен над Азербејџан, но и страница на херојство која ја испиша азербејџанскиот народ.
„Азербејџанските шехиди со својата крв ја фрлија комунистичката идеологија во историјата. Војската и разузнавачките служби загубија доверба откако отворија оган на народот", порача Гасими.
Азербејџанскиот историчар Рамин Садиков смета дека случувањата на 20 јануари имаа голема улога во распадот на Советскиот сојуз, но и во азербејџанскиот пат кон независноста.
Садиков смета дека политиката на тогашниот лидет на СССР Михаил Горбачов наречена „перестројка" и грешките кои ги направил изродиле етнички проблеми во оваа земја.
Нагласи дека Арменците кои живееле на подрачјето Нагорно-Карабах, на азербејџанската територија, бараа овој регион да се спои со Ерменија. Откако арменскиот парламент на 9 јануари 1990 година ја усвои одлуката со која се оди кон тоа регионот да се припои кон Ерменија, стотици илјади Азербејџанци излегоа на улиците. Советскиот сојуз после тоа сакаше да ја контролира ситуацијата, но дојде до нереди.
„Советската војска влезе во Баку со пет страни. Тенковите и оклопните возила се движеа кон градот газејќи пред себе автомобили и отворајќи оган на цивили. Не се воздржаа дури ниту да прегазат амбулантни возила", истакна Садиков, додавајќи дека никој не бил поштеден од оган, од луѓе во градскиот превоз, до жените кои биле на балконите од куќите, како ниту до докторите кои им помагале на ранетите.
Фотографиите кои се забележани во тој период најдобро укажуваат на дивеењето кое тогаш го направи советската војска, не правејќи разлика дали се работи за жени, деца или постари лица.
Бројни Азербејџанци овие денови полагаат црвени каранфили на гробиштата на загинатите, кои воено преставуваат и жртви од 20 јануари. Воените гробишта во Баку станаа симбол на независноста на Азербејџан, која беше прогласена на 30 август 1990 година.