Ruslan Rehimov
01 Октомври 2020•Ажурирај: 01 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Ерменската Aрмија продолжува да претрпува загуби во контранападите на азербејџанската Армија со цел да ја спаси својата територија од окупација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека за време на четиридневните судири уништени се речиси 200 тенкови и оклопни возила.
„Приближно 200 тенкови и оклопни возила, 228 артилериски и ракетни системи, 30 системи за противвоздушна одбрана, 6 зони за управување и команда за набљудување, 5 складишта за муниција, 110 автомобили и еден противвоздушен систем ‘S-300‘.“