Safvan Allahverdi
30 Септември 2020•Ажурирај: 01 Октомври 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американската администрација одлучи да воведе сакнции за уште 17 субјекти и лица поврзани со режимот на Башар ал Асад согласно Законот за цивилна заштита во Сирија - Цезар, кој беше ставен во сила на 17 јуни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, преку соопштение истакна дека санкциите се воведени за нападот во областа Арманаз во Идлиб, од страна на Асад и Русија, во кој животот го загубија 40 цивили.
На списокот за дополнителни санкции ставени се субјекти и лица кои му давале финансиска поддршка на Асад. Нападот беше извршен на 29 октомври 2017 година.
Поради улогата што ја играше во спречувањето на примирјето во Сирија, на списокот е ставен Милад Џедид, командантот на 5. Армија поврзан со режимот на Асад, сирискиот бизнисмен Јасир Ибрахим, еден од најважните финансиери на Башар ал Асад и неговите сестри Несрин и Рана Ибрахим.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го потпиша Законот за цивилна заштита во Сирија – Цезар, кој беше додаден во буџетот за одбрана на САД за 2020 година, на 21 декември минатата година.
Согласно Законот, ќе може да се воведат санкции за режимот и за странските лица и организации што ги поддржуваат компаниите кои дејствуваат во име на Русија и Иран.