Ruslan Rehimov
24 Октомври 2020•Ажурирај: 25 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската Војска неутрализира дрон камиказа на ерменските сили, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека утрово со технички средства е неутрализиран дрон кој се движел во правец на Џебраил.
На фотографиите што ги објави Министерството може да се види рачно изработениот експлозив монтиран на дронот.
Азербејџанската Војска продолжува со операциите за ослободување на окупираните територии од ерменските сили.
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека со различен интензитет во текот на ноќта продолжиле акциите во правец на Агдере, Хоџавенд, Фузули, Хадрут и Губадли. Се додава и дека ерменските сили, кои со топови и минофрлачи отвориле оган кон одбранбената линија на азербејџанската Војска, претрпеле големи жртви во правец кон Коџавенд, Фузули и Губадли.
Се наведува дека азербејџанската Војска уништила големи количини оружје, муниција и резервоари за гориво на ерменската Војска, и дека ерменските сили се повлекле од некои позиции.
Азербејџанската Војска уништи неколку места за поддршка на ерменските сили, ја презеде контролата над важни комуникациски линии и ослободи неколку значајни ридови. Се додава дека судирите по должината на фронтот продолжуваат и дека ситуацијата е под контролата на азербејџанската Војска.