Ruslan Rehimov
08 Декември 2016•Ажурирај: 08 Декември 2016
БАКУ (АА) - Новоименуваниот министер за внатрешни работи во Франција Бруно Ле Ру, e прогласен за „непожелна личност“ во Азербејџан, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Азербејџан, Хикмет Хаџијев, во изјавата за АА рече дека новоименуваниот француски министер за внатрешни работи Ру, во 2015 година, како пратеник на Парламентот на Франција, без дозвола на институциите на Азербејџан го посетил окупираниот регион Нагорно-Карабах.
„Секој странски државјанин што ги прекршува законите и територијалниот интегритет на Азербејџан и оди во областа под окупацијата на Ерменија се става на листата персона нонграта. Законот за секого е ист“, вели Хаџијев.
Кординаторот на пратеничката група на Социјалистичката партија, Ру беше именуван за министер за внатрешни работи на местото на Бернард Казенев, кој стана премиер на Франција.