Ruslan Rehimov
24 Октомври 2020•Ажурирај: 25 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската Војска продолжува со спроведувањето акции за ослободување на окупираните територии од ерменските сили, јавува Агенција Анадолија (AA).
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека со различен интензитет во текот на ноќта продолжиле акциите во правец на Агдере, Хоџавенд, Фузули, Хадрут и Губадли.
Се додава дека ерменските сили, кои со топови и минофрлачи отвориле оган кон одбранбената линија на азербејџанската Војска, претрпеле големи жртви во правец кон Коџавенд, Фузули и Губадли.
Исто така, се наведува дека азербејџанската Војска уништила големи количини оружје, муниција и резервоари за гориво на ерменската Војска, и дека ерменските сили се повлекле од некои позиции.
Азербејџанската Војска уништи неколку места за поддршка на ерменските сили, ја презеде контролата над важни комуникациски линии и ослободи неколку значајни ридови.
На крајот, азербејџанското Министерство додава дека судирите по должината на фронтот продолжуваат и дека ситуацијата е под контролата на азербејџанската Војска.