Adam Abu-bashal
24 Октомври 2020•Ажурирај: 26 Октомври 2020
АБУЏА
Во уривањето на шесткатната црква во источниот регион на Гана досега животот го загубија 22 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Агеманг Премпе, координаторот на Националната организација за управување со катастрофи (НАДМО), соопшти дека спасувачките екипи извлекле уште 4 безживотни тела што биле под рушевините на урнатата шесткатна црква.
Премпе соопшти дека со последните жртви, вкупниот број на загинати се искачил на 22, а во исто време се спасени 8 лица.
Тој информираше дека спасувачките екипи на НАДМО продолжуваат со своите активности за откривање на лицата заробени под урнатините.
Се тврди дека за време на несреќата во црквата имало повеќе од 60 лица.