Ruslan Rehimov
09 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската Војска погоди возила и позиции на ерманската Војска со беспилотни летала камикази и топовски проектили во продолжение на операцијата покрената со цел ослободување на територијата која е под ерменска окупација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан е наведено дека група ерменски војници биле опколени во близина на селото Зарисли на патот Лачин-Шуша.
Тенк и оклопно возило на ерменските сили, кои се обиделе да ја нападнат азербејџанската Војска за да ја разбијат опсадата, се уништени со беспилотните летала камикази.
Азербејџанската Војска, исто така, со беспилотно летало уништи ерменски камион кој превезувал персонал и хаубица Д-30 во насока на Канкенди, по патниот правец Коџали-Шуша.
И во правец на Хоџавенд со артилериски оган се погодени позициите и засолништата на ерменската Војска.
Министерството за одбрана на Азербејџан ги сподели со јавноста снимките од операцијата.