Ahmed el-Halili,Zeynep Tüfekçi
12 Февруари 2017•Ажурирај: 13 Февруари 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција уапси седуммина Палестинци на Западниот Брег поради наводно поседување на оружје и воена опрема, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на израелската полиција, Луба Самри, изјави дека полициската операција е спроведена во подрачјето Ес Семе во градот Ал-Халил и дека се уапсени седум лица.
Акцијата беше спроведена од страна на израелските војници и полицајци. Самри изјави дека Палестинците се уапсени за наводно поседување на оружје и воена опрема.
Според податоците на палестинскиот Совет за затвореници, во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 луѓе, вклучувајќи 300 малолетни деца, 51 жена и 21 новинар.