Murat Tan
12 Февруари 2017•Ажурирај: 13 Февруари 2017
БАГДАД (АА) - Претседателот на Ирак, Фуад Масум, го повика на помирување лидерот на Движењето на Садр, кое организира демонстрации во главниот ирачки град Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата на претседателот Масум се вели „Упатувам апел до народот да остане смирен, да ги почитува законите, да се контролира и да не им наштетува на членовите на Високиот комесаријат за избори како и на нивниот имот”.
Претседателот Масум истака дека е потребна заштита на демократските принципи и уставното право за живот, уништување на тероризмот како и тоа интересите на Ирачаните да се постават над личните интереси, додавајќи: „Претседателството подготви нов нацрт-закон за избори кој беше разгледан од страна на парламентарците во Собранието. Се надевам дека во најскоро време нацрт-законот ќе биде одобрен”.
Поддржувачите на Движењето Садр, вчера се собраа на плоштадот Тахрир со барање за промена на членовите на Високиот комесаријат за избори. По реакцијата на безбедносните сили врз демонстрантите имаше загинати и ранети.
Претседателот на Високиот комесаријат за избори, Сербест Мустафа, ги повика приврзаниците на Движењето Садр, решавањето на жалбите и реакциите околу изборните резултати да ги побараат по правен пат.
Изборната комисија ги отфрли обвинувањата насочени кон неа.
Се предвидува локалните избори во Ирак да се одржат на 16 септември оваа година, додека парламентарните избори се закажани за април 2018 година.