Turgut Alp Boyraz
02 Јуни 2017•Ажурирај: 03 Јуни 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Околу 250.000 верници денес во комплексот Ал Акса во Ерусалим ја извршија првата џума-намаз (петочна молитва) во светиот месец Рамазан, јавува Anadolu Agency (AA).
Десетици илјади верници во утринските часови тргнаа од Западниот Брег во Ерусалим до комплексот Ал Акса. Во близина на Стариот град во Ерусалим, израелските војници ги блокираа улиците за сообраќај и за никого освен на автобусите не беше дозволен премин.
Палестинците со часови пешачеа за да стигнат на џума-намаз во Ал Акса, чиј харем денес беше полн со верници.
Азам eл-Хатиб, директор на Канцеларијата за вакуфи, за АА потврди дека петочната молитва џума-намаз во Ал Акса ја извршиле околу 250.000 Палестинци.
Стотици израелски полицајци стоеја пред вратите на Ал Акса и во подрачјето на Стариот град во Ерусалим. За муслиманите, Ал Акса е едно од трите најсвети места во светот, покрај Ќаба во Мека и џамијата на пратеникот Мухамед во Медина.
Местото во кое се наоѓа џамијата Ал Акса, Евреите го сметаат за планина-храм на којашто претходно се наоѓале два еврејски храма. Израел го окупираше Источен Ерусалим за време на војната во 1967 година. Градот е анектиран во 1980 година, и прогласен е за престолнина на еврејската држава која меѓународната заедница никогаш не ја призна