29 Април 2019•Ажурирај: 29 Април 2019
ЖЕНЕВА
- Бајрам АЛТУГ
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека во последните 24 дена, во судирите во либискиот главен град, Триполи, животот го загубиле 345 лица, од кои 22 цивили, додека 1.652 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
И покрај предупредувањата на Обединетите нации (ОН) и на меѓународната заедница, од конфликтните области на Триполи продолжуваат случајните ракетни напади врз областите каде што живеат цивилите.
Портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, за дописникот на АА ја оцени тешката состојба во Триполи и околната област.
Јашаревиќ, наведувајќи дека од неодамна испратиле дополнителна хируршка екипа во Триполи, го истакна следното: „Сега во 3 болници имаме екипи кои ги прифаќаат ранетите. Хируршките тимови во последните 3 недели извршија 140 тешки операции, и повеќе од 100 полесни операции“.
Тој истакна дека во поселедните 24 часа во судирите околу Триполи, животот го загубиле 345 лица, од кои 22 цивили, а повредени се 1.652 лица, од кои 74 цивили. Така, вкупниот број на жртви и ранети во регионот, од започнувањето на судирите на 4 април, заедно со цивилите достигна 1.997.
- 40.000 цивили беа раселени
Јашаревиќ, нагласувајќи дека околу 40.000 цивили погодени од конфликтот во Триполи биле принудени да се иселат, додаде дека се утврдени нивните потреби во цивилните кампови каде што се сместени.
Тој истакна дека до сите здравствени установи во регионот се испратени здравствени материјали во согласност со нивните потреби.
Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дујариќ, исто така, предупреди дека поради тековниот конфликт во и околу Триполи хуманитарната ситуација е влошена.
- Операцијата „Буркан ел-Гадаб“
Лидерот на воените сили во источниот дел на Либија, генерал Калифа Хафтар, на 4 април даде наредба за освојување на главниот град Триполи, по што единиците на Владата на националното единство на Либија ја започнаа операцијата „Буркан ел-Гадаб“ (Вулкан на гневот).
Во Либија, во која има криза на идентитет од 2011 година навака, веќе три недели се случуваат судири помеѓу Владата на националното единство, која е меѓународно призната и силите на генерал Калифа Хафтар.