Fatjon Cuka
11 Октомври 2016•Ажурирај: 11 Октомври 2016
ТИРАНА (АА) - Обилните дождови кои продолжија во текот на ноќта предизвикаа поплави во некои домови и објекти во Лач, Албанија, додека едно лице загина, јавува Anadolu Agency (AA).
Од полициските извори се дознава дека жртвата е 48-годишниот К.Менга, за кого е констатирано дека се удавил во водата од поплавите.
Во меѓувреме се дознава и дека некои семејства се евакуирани во областа на Mилот, во близина на автопат.
Поплавените подрачја се прегледаат од страна на министерот за земјоделство, рурален развој и водостопанство, Едмонд Панарити, кој побара од жителите во најранливите области на врнежите да останат подготвени за евакуација.
За управувањето на ситуацијата ангажирани се полициската станица Курбин и Единиците за брза реакција.