Ekip
11 Октомври 2016•Ажурирај: 11 Октомври 2016
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на загинати лица од урнатите четири згради во индустриската област на источната кинеска покраина Џеџанг се зголеми на 22 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Државната новинската агенција изјави дека спасувачите од урнатините извадиле шест преживеани лица.
Тие се сместени во болница, во стабилна состојба.
Околу 800 спасувачи беа вклучени во напорите за наоѓање на лицата во урнатините.
Според спасувачите, урнатите згради наводно биле изградени од жителите.
Спасувачите срушиле пет соседни куќи со цел да се спречи повторна катастрофа.
Новинската агенција Синхуа исто така цитираше и жител кој живеел во областа, кој вели дека повеќето од жртвите биле мигрантски работници.
Истрагата за рушењето на зградите е во тек.