Mohamed Sabry Emam Muhammed
12 Декември 2016•Ажурирај: 13 Декември 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку 31 цивил загинаа, а десетици се повредени во вчерашниот воздушен напад врз сирискиот град Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалниот претставник на цивилната одбрана, Наџиб Ансари, за АА пренесе дека режимските и руските воени авиони извршија неколку напади врз населби во источниот дел на Алепо, кои сѐ уште се под контрола на опозицијата.
Како што рече Ансари, поради бомбардирањето, илјадници цивили беа принудени да побегнат од тој дел на градот.
Ансари предупреди дека хуманитарната ситуација во опколените населби во источниот дел на Алепо е на работ на колапс.
Портпаролот на високиот комесар на Обединетите нации (ОН) за човекови права, Руперт Колвил во петокот изјави дека повеќе од една недела, стотици мажи се водат за исчезнати откако се обиделе да влезат во деловите на Алепо што ги држат силите на режимот.
Од средината на ноември оваа година, околу 1.000 цивили се убиени, а 2.500 се повредени во нападите на режимот на деловите од Алепо што ги контролира опозицијата.
Поради жестокото бомбардирање, медицинските центри не работат. Војната во Сирија започна уште во 2011 година.