Ekip
10 Декември 2020•Ажурирај: 10 Декември 2020
БАКУ
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, истакна дека од првите моменти на војната на неговата земја за ослободување на азербејџанските територии окупирани од страна на Ерменија, ја чувствувал поддршката на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Алијев имаше свое обраќање на Церемонијата на парадата за победа одржана во Баку, на која беше присутен и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој престојува во дводневна посета на Азербејџан, на покана на неговиот азербејџански колега, Алијев.
„Од првите моменти на војната за татковина, ја чувствувавме поддршката на Турција“, рече Алијев.
Тој нагласи дека учествувајќи на Парадата на победата заедно со Ердоган, на нивните народи и на светот им го покажале единството меѓу Турција и Азербејџан.
„Ерменија изврши воено злосторство против азербејџанскиот народ. Нашиот територијален интегритет повторно го добивме на бојно поле“, истакна тој, додавајќи дека ерменската војска се предала.
„Карабах му припаѓа на Азербејџан, и денес светот виде дека Карабах е на Азербејџан. Нека живее пријателството помеѓу Турција и Азербејџан“, додаде тој.