Mohamad Misto,Ömer Koparan,Ethem Emre Özcan
03 Декември 2021•Ажурирај: 04 Декември 2021
АНКАРА
Американските сили продолжуваат да вршат воена обука за терористите на ЈПГ/ПКК во Сирија, велат локални извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Изворите велат дека Специјалните сили на САД испратиле 70 војници во Ал Хасека преку Ирак на 28 ноември за да извршат воена обука на членовите на ЈПГ/ПКК источно од реката Еуфрат.
Војниците на САД, кои пристигнаа во градот Рмелан - каде што се наоѓа воздушната база на САД - на 1 декември започнаа со воена обука за стотици терористи на ЈПГ/ПКК.
На обуката, која ќе трае околу еден месец, терористите ќе се учат на употреба на лесно, средно и тешко оружје, рации и методи на инфилтрација во селата.
Изворите, кои не сакаа да бидат именувани, изјавија дека некои од терористите по обуката ќе бидат испратени во подрачјето Аш Шадади во Ал Хасека и нафтеното поле Омар во Деир ез Зор, додека останатите терористи ќе останат во Рмелан.
САД и Франција, членки на коалицијата против ДЕАШ, претходно ги поддржаа терористите на ЈПГ/ПКК со воена обука во областите Ал Хасека и Деир ез-Зор.
Во над 35-годишната терористичка кампања против Турција, терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.