Zeynep Katre Oran
29 Јануари 2025•Ажурирај: 30 Јануари 2025
АНКАРА (АА) - Анкетата спроведена на Гренланд покажа дека 85 % од луѓето се против идејата да се приклучат на територијата на САД, известува Анадолу.
По изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп кои укажуваат на припојување на островот кон САД, спроведена е анкета за јавното мислење по ова прашање од страна на анкетната компанија „Вериан“ за потребите на гренландскиот национален весник „Сермицијак“ и за данскиот медиум „Берлингске“.
Според резултатите од анкетата, 85 % од населението не сакаат Гренланд да биде дел од САД, додека 6 % ја поддржуваат идејата за приклучување.
Во објавата што ја направи на својот профил на платформата „Трут сошал“ на 23 декември 2024 година, Трамп ја повтори својата реторика дека Гренланд треба да биде под контрола на САД, тврдејќи дека е „апсолутно задолжително“ да се има сопственост и контрола на островот.
Трамп, кој повремено го истакнува својот интерес за островот откако ја презеде функцијата на 20 јануари, тврди дека сите од околу 57.000 граѓани кои живеат на Гренланд се подготвени да им се придружат на Соединетите Американски Држави.
Гренланд, еден од двата автономни региони на Кралството Данска со Фарските Острови, се наоѓа на 2.900 километри оддалеченост од Данска.