Beyza Binnur Dönmez
04 Март 2019•Ажурирај: 05 Март 2019
АНТАРКТИК (АА) - Турските научници стационирани во истражувачката база на Антарктикот денес престојуваа во посета на истражувачките бази на другите земји на ледениот континет, јавува Anadolu Agency (AA).
Како дел од Третата национална научна експедиција на Антарктикот, турскиот тим ги посети базите каде што научниците од Бугарија, Украина, Велика Британија, Чиле, Шпанија, Полска, Кина, Јужна Кореја и Русија спроведуваат истражувања.
Драгомир Матеев, раководител на бугарската база, за АА изјави дека Турција и Бугарија постигнале одлична соработка на полето на поларните истражувања за кои се надеваат дека ќе продолжат.
Професорот на Истанбулскиот технички универзитет (ИТУ), Сафак Алтункајнак, истакна дека ќе работи два месеца во бугарската база, за да работи на истражување на различните видови вулкански карпи.
Во февруари, турскиот тим отпатува за Антарктикот како дел од Третата национална научна експедиција на Антарктикот, каде што ќе помине 30 дена, патување поддржано од турското Претседателство, Министерството за индустрија и технологија и Поларниот истражувачки центар при Истанбулскиот технички универзитет (ИТУ), заедно со други турски универзитети.
Во април 2016 година, првиот турски тим истражувачи - вклучувајќи лекари, ботаничари, геолози и океанографи од седум универзитети - отпатува за Антарктикот за да го проучи влијанието на климатските промени.
Антарктикот, најстудениот континент на Земјата, служи како зона за научни истражувања од потпишувањето на Договорот во 1959 година.