Aşkın Kıyağan
29 Октомври 2019•Ажурирај: 30 Октомври 2019
ВИЕНА (АА) - Аргентинецот Рафаел Маријано Гроси ќе биде новиот претседател на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од ИАЕА се истакнува дека на гласањето во Управниот одбор за новиот претседател, од вкупно 35 земји членки, за Гроси гласале 24 земји.
Исто така, се вели дека за именувањето на Гроси утре ќе се одржи состанок на Управниот одбор на кој ќе учествуваат сите членки на ИАЕА.
Иако одлуката на Управниот одбор ќе биде доставена на одобрување до 171 земја членка, тие немаат право на жалба против одлуката на Одборот.
Гроси, кој ќе биде шести претседател на ИАЕА, има четиригодишен мандат и се очекува функцијата да ја започне на 1 јануари 2020 година.
Претседателот на ИАЕА се избира со гласање во Управниот одбор во којшто членуваат 35 земји.
Јапонскиот дипломат Јукија Амано, кој беше трикратен претседател на ИАЕА од 2009 година, го загуби животот минатата година, а романскиот дипломат Корнел Ферута беше назначен за привремен претседател додека не се избере новиот претседател.