Yunus Kaymaz
09 Декември 2017•Ажурирај: 10 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот фудбалер кој игра за Барселона, Арда Туран, изрази загриженост поради одлуката на САД, да го признаат Ерусалим како главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Арда (30), преку социјални мрежи, коментираше за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел и да ја премести амбасадата на земјата од Тел Авив во Ерусалим.
„Ерусалим секогаш ќе биде главен град на мирот и човештвото. Престанете да го вртите оружјето против невини луѓе", рече Арда Туран.