Etem Geylan,Çiğdem Alyanak
09 Декември 2017•Ажурирај: 09 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со неговиот француски колега, Емануел Макрон околу последните случувања во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од претседателските извори, двајцата лидери за време на телефонскиот разговор истакнале дека одлуката на админситрацијата на САД за признавање Ерусалим како главен град на Израел е загрижувачка.
Претседателот Ердоган нагласи дека заштита на историскиот статус како и светоста на Ерусалим е обврска на целото човештво.
Истакнувајќи дека погрешниот чекор направен од страна на САД, негативно ќе влијае врз сите земји во регионот, вклучувајќи го и Израел, Ердоган вели дека важно е земјите на ЕУ да покажат чувствителен став околу ова чувствително прашање.
Ердоган и Макрон нагласија дека ќе продолжат со напори за администрацијата на САД повторно да ја разгледа оваа одлука, како и да се откаже од применувањето на одлуката. Двајцата лидери се согласија за вложување заеднички напор и блиска соработка околу ова прашање.