свет

Арнолд Шварценегер ја поддржа Камала Харис, постапките на Трамп ги нарече „неамерикански“

„За некој како мене, кој разговара со луѓето насекаде во светот, кој сѐ уште знае дека Америка е светол град на ридот, да ја наречете Америка канта за ѓубре за светот е толку непатриотски. Тоа ме прави бесен“

Rabia İclal Turan  | 31.10.2024 - Обновена : 31.10.2024
Арнолд Шварценегер ја поддржа Камала Харис, постапките на Трамп ги нарече „неамерикански“

ВАШИНГТОН (АА) - Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, ја поддржа потпретседателката и кандидатка на демократите Камала Харис за претседател на Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.

„Секогаш ќе бидам Американец пред да бидам републиканец. Затоа оваа недела гласам за Камала Харис“, напиша Шварценегер во објава на социјалните мрежи.

Шварценегер, кој беше гувернер на Калифорнија од 2003 до 2011 година, го критикуваше Доналд Трамп.

Тој го критикуваше одбивањето на поранешниот претседател да ги прифати резултатите од изборите во 2020 година, велејќи дека тоа е „неамерикански“.

„За некој како мене, кој разговара со луѓето насекаде во светот, кој сѐ уште знае дека Америка е светол град на ридот, да ја наречете Америка канта за ѓубре за светот е толку непатриотски. Тоа ме прави бесен“, рече Шварценегер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.