Двајца загинати, деветмина повредени во експлозија на гас во Русија
Прелиминарните извештаи покажуваат дека експлозијата ја предизвикало истекување на гас
МОСКВА (АА) - Во експлозија на гас во градот Черкеск, во руската област Карачај-Черкезија, вчера загинаа две лица, а најмалку девет се повредени, соопшти Министерството за вонредни ситуации, пренесува Анадолу.
Прелиминарните извештаи покажуваат дека експлозијата ја предизвикало истекување на гас, соопшти Министерството.
Службите за итни случаи моментно се на самото место за расчистување на урнатините, се додава во соопштението.
Организирано е привремено сместување за жителите од оштетената зграда.
Рускиот истражен комитет отвори кривична постапка за утврдување на сите околности околу инцидентот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.