Mohamad Misto
17 Јули 2018•Ажурирај: 17 Јули 2018
КУНЕЈТРА/АНКАРА (AA) - Асадовиот режим се обидува да се приближи кон граничната линија на Сирија со Израел. Како резултат на нападот на режимот врз училиште во кое се засолнувале бегалци во градот Кунејтра, кој се наоѓа во близина на граничната линија, загинаа најмалку 10 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што извести новинарот на АА од Кунејтра, режимот и неговите поддржувачи, откако ја зазеле контролата врз поголемиот дел на градот Дера, близу границата со Јордан, продолжуваат да се движат кон граничната линија со Израел.
Авионите на режимот извршија напад со барелна бомба врз училиште во селото Ајнтине во Кунејтра, при што, загинаа најмалку 10 цивили, од кои повеќето деца.
По вчерашните интензивни судири, режимот ја зазеде контролата врз три населени места на линијата која од западниот дел на Дера води кон Кунејтра.
Воените опозициски групи моментално ја имаат контролата врз поголемиот дел на Кунејтра, во близина на Голанската висорамнина, која пак е под окупација на Израел.
Терористичката организација ДЕАШ сè уште е присутна во подрачјето на Тасил.